Украина ја нападна Москва со 180 дронови

Украински дронови погодија московска нафтена рафинерија вторпат оваа недела, при што денеска над југоисточната населба Капотња се издигнаа пламен и облаци чад, објави „Гардијан“.

Украински дронови погодија московска нафтена рафинерија вторпат оваа недела, при што денеска над југоисточната населба Капотња се издигнаа пламен и облаци чад, објави „Гардијан“.

„Силите за противвоздушна одбрана продолжуваат да одбиваат масовен напад. Неколку дронови успеаја да стигнат (до московската нафтена рафинерија)“, изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, додавајќи дека бил оштетен и трговски центар.

Тој тврдеше дека биле соборени околу 180 дронови што се движеле кон главниот град.

Сообраќајот бил запрен на московската обиколница во близина на рафинеријата.

На социјалните мрежи се појави снимка од утринскиот масовен украински напад, на која, според објавите, е забележан моментот кога дрон ја погодува московската нафтена рафинерија.

На видеото се гледа леталото како удира во еден од големите резервоари за гориво, по што следува силна експлозија.

Од ударот, металниот покрив на резервоарот е исфрлен во воздух и одлетува неколку десетици метри.