Трилинг – Што се очекува од Северна Македонија во преговорите за членство во унијата?

Бриселски одлуки, софијска недоверба, македонски фрустрации. Како да се надомести изгубеното време? Како наместо не да се прифати да? Зошто јавноста е затруена со нетолеранција? Додека бевме во бриселскиот авион, се потурболентни се економските струи. Инфалцијата галопира, се појавија и кризните профитери.

Македонско-бугарски медиумски форум Околу 20-тина новинари два дена, во велико Трново, дебатираа за реафирмација на говорот на разбирање, наместо окупацијата на јавноста со ширење на омраза и нетолеранција. Што се очекува од Северна Македонија, колку и како на патот кон предпристапните преговори до унијата можат да се користат искуствата на Бугарија. Познати новинарски имиња од печатот и телевизиите, со оценки за Трилинг. Ангел Петров од весникот Дневник, Милена Миотинова, тв водител на емисијата Брисел 1 на Бугарија он еар, како и политичкиот аналитичар од весникот Сега, Петјо Цеков.

Не е лесно да си првенец на генерација во струките и професиите што се подложни на постојано техничко-технолошко иновирање. Од десетината носители на инжинерскиот прстен што го доделува претседателот Пендаровски, архитект и ИТ програмер се гости во Трилинг со Марија Димишкова.