Првенци на генерација: Софтверската индустрија има голема побарувачка кај нас со странските инвестиции

Андреј Миловановиќ ИТ инженер смета дека факултетот ФИНКИ е повеќе практичен, помналку вредат оценките и студентите почнуваат со работа додека студираат и да се биде најуспешен е престиж.

– Кај нас не се инвестира во младите и не се поттикнуваат да бидат најдобри. Побарувачката во земјата е постојано голема со доаѓањето на странски инвестиции и компании кои се занимаваат со развивање на софтвер и постојано бараат нови кадри за нови проекти. Се работи за странски клиенти и постојано имаме побарувачка на студенти нод Финки. Факултетот е таков, да не мора да има диплома еден студент да почне да работи. Побарувачката е поголема од бројот на програмерите. И кога побарувачката е голема, нормално е и платите да бидат поголеми. Софтверската индустрија е во подем и затоа е платена кај нас и во светот. – вели Миловановиќ.

Архитектот Ана Јанкуловска вели дека инженерството претставува реакција на сето она што е актуелно и проблематично во едно општество. Треба да се стремиме кон свет кој ќе биде подобар и одржив и преку инженерството може да се надминат проблемите со загадувањето на воздухот, водите и почвите.

– Да најдеме решение со складирање на урбаниот и индустрискиот отпад и да се бараат обновливи избори на енергија и да се контролираат климатските промени и да се стремиме кон дигитализација на инженерството. Градежништвото е главен загадувач како индустрија и треба да се стремиме со нови алатки и софтвери да ги замениме градежните процеси и тие да се дигитализираат. Развојот на градот зависи од лични интереси. Архитектите кои веќе прокетираат да ги следат новите технологии кои се користат на светско ниво. – вели Јанкуловска.