Бугарски медиуми за Трилинг: Треба да го смениме тонот на кој зборуваме

Ангел Петров од Дневник вели дека во политиката ништо не е вечно и дека треба да се има компромис кога асе зборува на различен јазик. Се потврдило дека ако двете страни седнат на разговор, тоа иако звучи како клише, ќе се постигне нешто.

  • Зошто протоколот, иако содржината се уште не е официјално објавена, е јасно дека резултатот не е од некакви задкулисни преговори меѓу двете влади, тоа се барањата кои Бугарија ги имаше последната година. Треба да го смениме тонот на кој зборуваме и она што ќе се договори, да се исполни од двете страни. – вели Петров.

Милена Милотинова од  Тв Бугарија On the air вели дека Македонија треба да помине долг пат, и веројатно не лесен. Каков ќе биде и колку ќе трае зависи од самата држава, зошто во моемнтот, топката е во Скопје.

  •  Бугарија може да го сподели искуството од преговорите и во 2007 година и подадовме рака на Македонија и тогаш таа кажа дека може да ја стави на располагање целата експертиза за преговорите. Поминавме голем и сложен пат со исполнување на ангажмани, догвоори кои сме ги потпишале. Тоа и претстои и на Македонија која треба да ги исполни договорите, да ја исполни преговарачката рамка и да ги исполни барањата, поставени пред неа. – вели Милотинова.

Петјо Цеков од Весник сега вели дека Бугарија не успеа да ја мотивира сопствената позиција и да и каже на Македонија што е проблемот и така го наметнала македонското општество против себе. Според него, бугарската влада не успеала јасно да каже Не на македонските политичари.

  • Зошто ја стопира Македонија? Мислам дека сега со протоколот, со историската комисија, се друго остана во заден план, а останаа напред преговарачките проблеми кои треба да се завршат во следните години. Национализамот во Бугарија отсекогаш бил на низок степен и отсекогаш имало екстремни националистички партии кои се 5-10% од гласачкото тело. – вели Цеков.