„Постои долгорочна тенденција, таканаречена секуларна стагнација, долгорочно намалување на стапките на економски раст долг временски период. Битно е да се надмине тој проблем со внесувањето на Бугарите во Уставот, и да ги отвориме дефакто преговорите. Расте бројот на луѓе во Република Македонија кои се повеќе се определуваат за личност, не за партија“ вели меѓудругото академик Таки Фити во најновото издание на Трилинг.
На констатацијата дека околу 50 насто од населението се консуматори на тутун, Бојана Мијовиќ Христовска од „Тинк-тенк Аналитика“ вели :„Потребно е зголемување на акцизата, едно оптимално сценарио, зголемување за 30 проценти, со што би се слеале дополнителни 265 милиони евра во буџетот на државата“.
Руфија Идризовска, студент на генерација на ПМФ во утрешното издание на Трилинг вели дека „нејзиниот просек, успех, не бил јавно претставен: Немав конкретно понуди од некои фирми!
Погледнете го најновото издание на Трилинг: