Над 2.000 повици на бројот за итни повици во последното деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имало вкупно 2.119 повици на Единствениот број за итни случаи 112, од коишто „реални“ повици биле 36,76%, а 63,24% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.

Кон Полиција биле упатени 60,35%, кон Итната медицинска помош 32,98%, а кон пожарникарите 5,61% од реалните повици кон 112 во ЦУК. Збирот повици што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици во ЦУК, 1,05% со другите 63,24% што се именувани како „неитни повици“, биле вкупно 1.343 на број и биле предмет на примање, селективна обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со други институции од Системот за управување со кризи, согласно природата на пријавените итни случаи.

ЦУК информира дека пожари на шуми и на вегетација на отворено, според извештаите на Регионалните центри за управување со кризи во државата се уште има, така што и во последното деноноќие имало повторно над десетина пријавени конкретно дваесетина, за запалена нискостеблеста шума и друга вегетација, а пожарникарите гаснеле и отпадоци, ѓубришта и запалени контејнери на отворено на територијата на државата. Помалите противпожарни интервенции на отворено во одредени случаи и не бројат.

Регионалниот ЦУК Скопје, известува од БППЗ на Град Скопје дека во период од 13:30 до 16:20 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација, ѓубре и трска на површина од околу 3.5 хектари во атарите на селата Петровец и Ржаничино (Општина Петровец). Имале уште (2) две помали интервенции во изминатото деноноќие.

Регионалниот ЦУК Струмица, известува дека пожарникарите од ТППЕ Валандово од 13:05 до 15:55 часот, со 2 ПП возила и 4 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, капини и овоштарник на површина од 3 хектари кај месноста „Извор“ кај с. Собри; Во период од 15:50 до 16:25 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена трска и капини на површина од 0,1 хектари кај месноста „Мичкин мост“ кај с. Брајковци. Во период од 16:30 до 18:05 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена депонија и капини на површина од 0,3 хектари на кај месноста „Калковска река“ близу с. Јосифово.
Пожарникарите од ТППЕ Струмица, од 14:55 до 16:20 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај с. Моноспитово (Општина Босилово). Во период од 18:15 до 19:25 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај с. Дукатино (Општина Босилово).

Регионалниот ЦУК Штип, известува дека пожарникарите од ТППЕ Кочани од 14:15 до 15:55 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки во близина на с. Грдовци на магистралниот пат Штип – Кочани, а од 14:30 до 15:05 часот, со 1 ПП возило и 2 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација кај с. Оризари.
Пожарникарите од ТППЕ Пробиштип од 11:52 до 13:45 часот, со 2 ПП возила и 4 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација, трска и опожарена врата на магацин на месноста „Касапница“ (кај јаловиштето), а во период од 19:20 до 23:25 часот, со 1 ПП возило и 4 пожарникари, интервенирале на запалена ниска вегетација и „драка“ на површина од 10 хектари на месноста „Негрева Чешма“ кај с. Стрисовци.
Пожарникарите од ТППЕ Виница од 13:30 до 15:30 часот, со 1 ПП возило и 5 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација на површина од 0,5 хектари на месноста „Ила“.

Регионалниот ЦУК Велес, известува од ТППЕ Кавадарци дека во период од 14:30 до 15:30 часот, со 7 пожарникари и 3 ПП возила интервенирале на плац за градежни материјали на Северен булевар каде што гореле две кабини од камиони.
Пожарникарите од ТППЕ Свети Николе, известува дека во изминатото деноноќие имале една помала интервенција.

Регионалниот ЦУК Куманово, известува дека пожарникарите од ТППЕ Куманово од 12:38 до 13:38 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во Бабин Дол, а од 15:00 до 15:45 часот, со 1 ПП возило 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во с. Којнаре.
Пожарникарите од ТППЕ Старо Нагоричане од 17:15 до 18:45 часот, со 1 ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација и грмушки во с. Срезовце, а во период од 19:00 до 20:00 часот, со 1 ПП возило и 4 пожарникари интервенирале на запалена ниска вегетација во близина на с. Сув Орах.

Регионалниот ЦУК Битола известува дека пожарникарите од ТППЕ Битола и ТППЕ Прилеп, известуваат дека во изминатото деноноќие имале по една помала интервенција.

Пожарите и другите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број 112 во ЦУК.