(Видео) Идризовска: Бесперспективноста ќе го засили егзодусот на младите

„Од аспект на моите студии на Институтот за хемија можам да кажам дека е еден од попрестижните, што нуди квалитет во образованието. Најголем број од професорите се академици, на овој институт има квалитетно образование“ – вели гостиварката Руфија Идризовска, најдобриот студент на генерацијата на Природноматематичкиот факултет при УКИМ во Скопје, во најновото издание на Трилинг.

На прашање дали некој од работодавците веќе ја контактирал на пазарот на труд, Идризовска вели „мојот успех не беше јавно претставен, немав конкретно понуди од фирми, морам сама да се нудам“.

„Свесни сме во каква ситуација сме споредено со другите земји во светот, но сметам дека ние како млади можеме да направиме промена, ги охрабрувам и другите млади не веднаш да го бараат патот надвор од Македонија, да пробаме заедно да промениме нешто“ вели Идризовска.

На прашање како успеала да се издвои и да биде првенец на генерација, вели „Тоа е мотивацијата која доаѓа сама од себе. Кога се учи она што се сака може да се успее“.

„Од мое гледиште, не бев бубалица, знаењето е поради рамнотежа на времето поминато пред книга и времето поминато на одмор. Не сум учела по 15 часа на ден, но сум обрнувала внимание на предавањата. Сум читала литература надвор од она што се предава. Хемијата сум ја сакала уште од основно образование, но и успесите на професорите кои дотогаш беа успешни во полето на работа. Ако тие се успешни, знаењето ќе го пренесат на нас“ – вели Идризовска.

На прашање колку денеска се инвестира во научно истражувачите проекти, вели „не се инвестира многу, но имам пофални зборови за Министерство за образование кое финансираше 13 проекти на ниво на ПМФ, претходно не биле финансирани толку голем број проекти“.