Тридневна жалост во Македонија по несреќата во Бугарија
Македонската Влада денеска на 120-тата седница донесе одлука во земјава да биде прогласена тридневна жалост во чест на жртвите од сообраќајната несреќа која рано утринава се случи во Бугарија, а во која 46 наши граѓани ги загубија животите.
Денови на жалост се денешниот ден, утре и задутре, односно 23, 24 и 25 ноември (вторник, среда и четврток).
За време на деновите на жалост знамето на Република Северна Македонија, како и на дипломатските претставништва на земјата во странство, ќе бидат истакнати на половина копје.
„Се одложуват сите јавни настани, а медиумите треба да ги прилагодат своите содржини соодветно на прогласената тридневна жалост“ соопштија од прес-службата на Владата.