Треска во Северна Кореја – пријавени се 2 милиони случаи

За само една седмица во Северна Кореја се регистрирани два милиони случаи на треска. Ова доаѓа откако беа потврдени првите официјални случаи на Ковид-19.

Во средата се пријавени случаи на треска кај 262.000 пациенти, но досега над 1,2 милиони веќе се опоравиле од болеста.

Во Северна Кореја каде живеат околу 26 милиони луѓе смртноста од Ковид-19 е 1 починат од 63 заболени.

Првиот случај на Ковид-19 Пјонгјанг официјално го потврди минатиот четврток.