Петров: Ние сме за ЕУ, но нема да прифатиме условувања и уцени!

Членот на ИО на СДСМ – Андреј Петров вечерва на ТВ24 рече дека доообјаснувањето на Макрон во врска со пристапните преговори е логично, зошто што ако тоа би се случило, ќе значи дека ЕУ сама се дискредитира.

„Идејата за заедничка Европа не е на сегашните лидери на ЕУ, таа е голема идеја за заедничка Европа и сега е нелогично кога имаме војна и криза да се дебатира за вредности за кои Европа се решила уште тогаш. Тоа покажува дека тие немаат докрај расчистено со своите ставови. Тоа се однесува на на фрустрацијата на недоволството во ЕУ од можноста да било која од овие нови земји да ги блокира одлукитена големите земји, што се случува со нас. Тоа не треба да не измести од патеката, дека нашата аспирација за ЕУ е нешто што е заедничка определба на сите и треба тој пат да го продолжиме. Мора да се бориме внатре во нашата земја за процесот на декомратизација. Владата и СДСМ немаат намера да прифатат било какви можности да нешто понатаму биде пречка во нашиот интеграциски пат. Ние сме за ЕУ и се ќе направиме да се доближиме до тоа и не се откажуваме од таа идеја, но нема да прифатиме никакви условувања и уцени“ – рече Петров.

Ставот на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ – Антонио Милошоски на истата тема е дека „во иднина процесот на полноправно членство на околните држави од Западниот Балкан може да стане покомплициран.

„Самата платформа на сегашната владејачка гарнитура на СДСМ и ДУИ, референдумот и сите тие музички прослави беше за европска Македонија. Од 2017-та до денес, секое полугодие слушаме дека сме добиле датум, но гледаме дека нема ништо од тоа и тапкаме во место. И во минатото имало обиди земји-членки, конкретно на Грција кога се носеле резолуции за Македонија во Европскиот парламент  да се наметне нивното барање во тие резолуции, но ЕП секогаш бил најпријателски расположен кон земјите кандидати, вклучително и Македонија и не дозволувал дополнителни условувања особено не со билатерални прашања“ – рече Милошоски.