Со пари замрзнати од руски олигарси ЕУ сака да ја обновува Украина

Се бара начин како со замрзнатите средства на руските олигарси да се финансира обновувањето на Украина по војната, изјави претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен.

„Нашите адвокати интензивно работат на изнаоѓање можни начини за искористување на замрзнатиот имот на руските олигарси за обновување на Украина. Мислам дека и Русија треба да даде свој придонес“ рече таа.

ЕК во средата предложи заем од 9 милијарди евра за Украина, со цел да ја одржи земјата додека се бори во одбрана од руската инвазија.