Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска истакна дека социјално – економскиот дијалог се води во рамките на МТСП и е еден од високите приоритети на оваа влада. Од 2017 наваму, социјалниот дијалог е приоритет на владата.
- На 1 мај излеговме со вицепремиерот Битиќи пред работниците кои беа на штрајк, излегов да ги проздрав и да им кажам дека социјалниот дијалог продолжува. Да се има систем кој ќе гарантира постојан раст на платите и платите во јавниот сектор ќе ја следи зголемувањето на инфлацијата и просечната плата. 9000 денари имавме минимална плата до 2017, сега имаме 18 000, што е за 100% повеќе. Мора да имаме компромис во понудените барања и прифаќањето на понудените решенија. – рече Тренчевска.
Министерката рече дека до крајот на 2022 година, ќе се даде К-15, кои иако Синдикатот не го бара, тие го даваат. Во однос на поскапувањето, Тренчевска смета дека тоа е глобален проблем, а она што владата треба да го направи е да го намали притисокот на растоѕ на цените врз стандардот на граѓаните.
„Недостигот на работна сила е проблем на кој што треба да му пристапиме од повеќе аспекти и не е проблем кој што се создава за година две или три, ако ги земаме наназад политиките во образованието кои беа погрешни,“ рече министерката .
Таа се осврна на успешноста на мерките од Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување, кои се во насока на задржување на младите во земјата и нивно насочување кон приватниот сектор. И притоа ја истакна мерката за самовработување преку која на 2000 невработени лица, евидентирани во Агенцијата за вработување им се нуди поддршка од 5000 евра за отпочнување сопствен бизнис, мерка која е 100 проценти искористена и поради тоа секоја година бележи зголемување на буџетот и бројот на лицата вклучени во неа.
Таа се осврна и на новиот пакет мерки кои заедно со Министерството за финансии се креираат, со оглед на прогнозите дека зимата ќе биде тешка на глобално ниво, а со цел е да се излезе во пресрет на граѓаните кои се во социјален ризик. Мерки ќе има и за реалниот сектор, кои што ќе придонесат да се ублажи ударот од сите предизвици со кои што како држава се соочуваме. Министерката истакна дека министерството со ребалансот на буџетот има зголемување од 31 милиони денари, нови дополнителни средства за капитални инвестиции во детската заштита.