Зеколи: Да бидеме внимателни дали францускиот предлог е лош, бидејќи може да ни се понуди нешто полошо

Поранешниот македонски амбасадор во ОБСЕ Арсим Зеколи смета дека првиот проблем настанал со Преспанскиот договор и поради директна вклученост на западните дипломати, тој процес се држеше во кординати и се даваше привид на олеснување, но со конкретна цел, да се влезе во НАТО.

  • Тоа се држеше во едно корито кое беше определено во стартна точка од времето на Груевски. Таа контрола на процесот од страна на американската и европската дипломатија обезведи успешен епилог, за кој допрва ќе видиме дали ќе има последици. Нешто не е во ред со тој избрзан премин од длабока 50годишна недоверба, во едно братско пренесено преку односот на Борисов, Заев и Димитров. Бев убеден дека ова води кон поголема криза во односите и така се покажа. – вели Зеколи.

Смета дека нема место за оваа депресивна состојба што ја имаме сега и на една катраклизма. За францускиот предлог смета дека е лош.

  • Со тоа ќе се согласат сите. Проблем за нас е што тој договор е дериват на Договорот од 2017. Да бидеме внимателен дали е толку лош, бидејќи може да ни се понуди нешто полошо. Пред три години, прашањето за идентитетските спорови беше апсурд, а денес е дел од мејнстримот во Европа, наметнат од Русија кон Украина. Во таа понуда, ја има дефиницијата дека сето наведено не подразбира дека Бугарите го признаваат јазикот и кај нас тоа е интерпретирано како негација. – вели Зеколи.