Меѓународен Славјански универзитет

Јордан Ѓорчев директор на управниот одбор на Меѓународниот Славјански универзитет смета дека е невкусно политичките коментари да доведат до непријатна ситуација. Програмата нема врска со политиката и дека се македонски универтитет кои имаат програми со руските универзитети.

  • Со бугарскиот универзитет започнавме неколку програми и работиме со универзитети од други држави. Не гледаме универзитетот од која држава е, туку од аспект што нас ни одговара и да го прилагодиме на територијата на Македонија и регионот. Тоа што го препознаваме како недостаток на модели, тоа го форсираме. – вели Ѓорчев.

Планираат програма што ќе ја понудат во Бугарија, каде ќе направат програмите да бидат атрактивни и активностите би се одвивале на англиски јазик. Славјански сака со Српскиот универзитет да изведува настава во Бугарија каде би го понудиле тоа. Со работењето се создаваат мостови за соработка, зошто универзитетската работа е благородна, ослободена од националистика и политичка конотација.