Трајкоска: Договор со „Бехтел и Енка“ од над милијарда ипол евра не може да биде потпишан далеку од очите од јавноста

„Поради нетранспарентност на договорот со `Бехтел и Енка` се фрли сомнеж“, вели Жанета Трајкоска – директорка на Институтот за комуникациски студии во најновото издание на Трилинг.

„Нетранспарентонста отвора можност за шпекулации, за злонамерни информации. Договор од над милијарда ипол евра не може да биде потпишан далеку од очите од јавноста. Сега се е прекасно. Најголем дел од нас граѓаните веќе имаме изграден став“ вели Трајкоска.

Таа вели „зошто требаше да помине толку време за сето ова да зоврие кога можеше договорот на почетокот да се даде на јавноста. Едно е деловна тајна за инвеститорите, но друго е нашата инволвираност како буџетски дотации што даваме“.

„Многу често гледаме кон ЕУ и САД дека тие треба да не спасат. Тоа е погрешен пристап. Кого застапуваат нашите политичари, не треба да критикуваме некој од дипломатскиот кор, да не бараме некој од надвор да не спаси“ смета Трајкоска.

Директорката на Институтот смета „што нас ќе ни значи таа црна листа за одредени политичари од САД. Дали значи тоа питисок на нашиот судски систем – не. Ние имаме активни политичари кои се повеќе од 10 години на забранета листа во САД. Мораме да ги вагаме работите, тешките одлуки ние мора да си ја направиме дома“.

На прашање како влијае партиско-политичкото ткиво врз функционирањето на седмата сила вели „партиите станаа медиуми. Комуницираат директно со јавноста. Медиумите треба да ја обезбедат информацијата со контекст, со истражувачки наоди. Да ги обезбедат сите факти. Секогаш има спрега меѓу медиумите и партиите, ние сега треба да дадеме поддршка за малите медиуми, за истражувачките групи на новинари“.

На прашање колку владејачката гарнитура ги оправда очекувањата по „Шарената револуција“ Трајкоска вели „никој од нас не е задоволен, можеби имавме високи очекувања. Сите и направивме лоша услуга на оваа влада, не дадовме 100 дена туку 2-3 години пауза од посериозни критики. Мислам дека сите ние како цивилно општество да се разбудиме малку порано“.