
Трамп: Aко конечниот договор со Техеран не се постигне во рок од 60 дена, САД ќе го бомбардираат Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп денес се закани дека САД ќе го бомбардираат Иран, ако конечниот договор со Техеран не се постигне во рок од 60 дена од потпишувањето на Меморандумот меѓу САД и Иран.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес се закани дека САД ќе го бомбардираат Иран, ако конечниот договор со Техеран не се постигне во рок од 60 дена од потпишувањето на Меморандумот меѓу САД и Иран.
Трамп на прес-конференција пред да го напушти самитот на Г7 во Евиан, Франција, изјави дека ќе подели копии од Меморандумот за разбирање меѓу САД и Иран што треба да се потпише во петок во Швајцарија, објави Скај њуз.
Трамп истакна дека не сака САД повторно да го нападнат Иран, но дека ќе мора да го сторат тоа ако Техеран не се придржува до договорот, бидејќи, како што изјави, никогаш нема да дозволи Техеран да има нуклеарно оружје.
Американскиот претседател рече дека Иран се обврзал да нема нуклеарно оружје во Меморандумот и дека тоа е јасно видливо во тој документ.
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека разговарал со сирискиот претседател Ахмад ал-Шара за борбата против либанската милитантна група Хезболах, еден ден откако го критикуваше Израел за убиство на премногу цивили во Либан.
На прашањето дали разговарал со сирискиот претседател ал-Шарар за Хезболах, Трамп кимна со главата и одговори потврдно, пренесува Ројтерс.
На прашањето дали Шара е подготвен да се соочи со шиитската милитантна група Хезболах, Трамп рече дека ќе зборува за тоа подоцна.
„Мислам дека (Либан) е помала војна, Иран е голема, но ние имаме оваа мала точка што постојано ја крева главата, а тоа е Хезболах“, им рече Трамп на новинарите на маргините на самитот.