
Трамп: Ќе го уништиме Иран ако нема договор, нема повеќе господин добар
Главниот дописник на ABC News од Вашингтон, Џонатан Карл, објави на платформата X дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој тврди дека Трамп му рекол оти Иран направил „сериозно прекршување“ на примирјето, но дека сè уште верува дека може да се постигне мировен договор.
Главниот дописник на ABC News од Вашингтон, Џонатан Карл, објави на платформата X дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп.
Тој тврди дека Трамп му рекол оти Иран направил „сериозно прекршување“ на примирјето, но дека сè уште верува дека може да се постигне мировен договор.
Трамп се огласи и на социјалната мрежа Truth Social.
„Иран вчера реши да отвори оган во Ормускиот теснец, што претставува целосно прекршување на нашиот договор за примирје! Многу истрели беа насочени кон француски брод и товарен брод од Обединетото Кралство. Тоа баш и не беше убаво, нели?
Моите претставници патуваат во Исламабад во Пакистан, таму ќе бидат утре навечер на преговори. Иран неодамна објави дека го затвора теснецот, што е чудно бидејќи нашата блокада веќе го затвори. Тие, без да се свесни, всушност ни помагаат, а притоа тие губат од затворениот премин 500 милиони долари дневно.
САД не губат ништо. Напротив, многу бродови моментално пловат кон САД, во Тексас, Луизијана и Алјаска, за да се снабдат, благодарение на Иранската револуционерна гарда која секогаш сака да глуми опасен играч.
Нудиме многу фер и разумен договор и се надевам дека ќе го прифатат, бидејќи ако не, САД ќе уништат секоја електрана и секој мост во Иран. Нема повеќе господин добар“, порача Трамп.