Трамп издаде наредба армијата да го нападне Иран во случај на обид за атентат врз него

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека и наредил на армијата да биде подготвена за напади врз Иран, ако Техеран се обиде или изврши атентат врз него.

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека и наредил на армијата да биде подготвена за напади врз Иран, ако Техеран се обиде или изврши атентат врз него.

– Илјада ракети се распоредени и насочени кон Исламската Република Иран, а уште илјадници се подготвени веднаш да следат доколку иранската влада ја исполни својата закана, упатена на многу места низ целиот свет, за атентат или обид за атентат врз актуелниот претседател на САД – во овој случај МЕНЕ!, објави Трамп на сопствената социјалната мрежа „Трут соушл“ (Truth Social).

Тој додаде дека наредбата е веќе издадена, а американската армија е подготвена „целосно да ги опустоши и уништи сите области на Иран“.