Американскиот претседател Џо Бајден и неговиот руски коега – Владимир Путин, на барање на рускиот лидер разговарлеа телефонски 50-тина минути. Ова е втор нивни разговор за помалку од 3 седмици.
Информациите се дека Путин го предупредил Бајден дека нови санкции против Москва може да ги нарушат врските меѓу САД и Русија.
Од Кремљ се задоволни од разговорите, кои биле фокусирани на безбедносните гаранции поврзани со тензиите на границата меѓу Русија и Украина.
Путин понудил мали индиции за неговите намери, изјавија официјалнo лицe по завршувањето на повикот, јави „Си-Ен-Ен“.
Кој пат ќе биде избран „ќе зависи од активностите на Русија во претстојниот период“, рече претставникот на Кремљ велејќи дека ќе има „сериозна цена и последици“ доколку Русија продолжи со својата регионална агресија.
Бајден го информирал Путин дека САД не планираат да распоредат офанзивно оружје во Украина.
Разговорот меѓу Бајден и Путин е на околу две недели пред американски и руски дипломати да се сретнат во Женева за да разговараат за тековната криза.