Полицаец е казнет оти не носел маска додека казнувал за неносење маски

Доколку во Грција не носите маска, и на отворено и на затворено, полицијата може да ви пише казна од 300 евра.

Вчера се случила невообичаената случка во градот Патра. Полицаецот кој вршел проверки и пишувал казни за неносење маска, ни самиот не носел заштитна маска.

По реакциите во медиумите, денеска реагирал министерот за цивилна заштита – Такис Теодорикакос, а на несовесниот полицаец му била изречена предвидената казна од 300 евра за неносење маска.

Против него започнала и дисциплинска постапка и преместување во друга служба.