Утре на планетава ќе живеат 7,8 милијарди луѓе

На 1 јануари 2022 година на планетата Земја ќе живеат 7,8 милијарди луѓе. Тоа претставува зголемување на популацијата на планетата за 74 милиони или вкупно 0,9 отсто во однос на 1 јануари 2021 – покажуваат податоците од проекцијата објавена од американското Биро за попис на население.

Очекувањата се дека на секоја секунда да има по 4,3 раѓања и по 2 смртни случаи.

Населението на САД, според Бирото, годинава е зголемено за речиси 707.000, па се очекува во таа земја утре да има 332,4 милиони луѓе.

Во САД се очекува на секои 9 секунди да се раѓа по едно бебе, а на секои 11 секунди да умира по едно лице.