Иако засега само неофицијално, сепак денеска се лиферува веста дека тв презентерката Бесмира Ејупи (28) е кандидат за генерален конзул на земјава во Њујорк, САД.
Како што објави порталот „Зум“, синоќа Владата, на затворена седница, по предлог на Министерството за надворешни работи, го утврдила предлогот Ејупи да биде пратена како македонски генерален конзул во Њујорк.
Денеска владините портпароли Душко Арсовски и Муамет Хоџа на прес-конференција не потврдија дали Владата на затворениот дел од вчерашната седница одлучила Бесмира Ејупи да биде назначена за генерален конзул во Њујорк.