36 луѓе ја загубија битката со Ковид 19 – има 156 реинфекции на вирусот

МЗ информира дека во последните 24 часа направени се 3.702 тестови, а регистриран е 1.091 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 586, Битола – 58, Куманово – 52, Тетово – 44, Кавадарци и Велес – по 39, Прилеп и Струмица – по 29, Кичево – 23…

Од вкупниот број на позитивни (1.091), регистрирани се 156 реинфекции.

Регистрирани сe 2.322 оздравени пациенти од: Скопје – 1.356, Битола – 113, Охрид – 104, Прилеп – 95, Кавадарци – 90, Тетово – 87, Гостивар – 53,  Куманово – 46, Кичево – 41, Велес – 39, Струмица – 33, Гевгелија – 30, Неготино – 29, Штип – 28, Струга – 23, Свети Николе и Делчево – по 19, Радовиш – 17, Берово – 14…

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 23 починати лица: 13 починати лица од Скопје (69г, 69г, 72г, 74г, 78г, 78г, 78г, 82г, 83г, 84г, 85г, 87г и 90г), 3 починати лица од Велес (53г, 78г и 82г), по две починати лица од Струга (52г и 62г) и Тетово (69г и 70г) и по едно од Гевгелија (44г), Кратово (64г) и Свети Николе (76г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 13 починати лица од: Скопје (4), Гевгелија (2), Битола (1), Кочани (1), Штип (1), Струмица (1), Гостивар (1), Кичево (1) и Куманово (1). Починатите лица се на возраст од 61 – 90г. Лицата за починати се пријавени во период од 01.02. до 04.02.2022. Од починатите лица,  10 се починати во домашни услови, а 3 лица во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 1.855.720 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 289.797, бројот на оздравени пациенти е 272.184, на починати е 8.829, а бројот на активни случаи изнесува 8.784.