Тајсон обвинет за силување

Поранешниот светски боксерски првак во тешка категорија Мајк Тајсон  е обвинет за силување жена на почетокот на 90-те години од минатиот век, јавија денеска американските медиуми.

Тужбата овој месец во Њујорк ја поднела жена која не сака во јавноста да биде откриен нејзиниот идентитет.Таа бара отштетата од пет милиони долари за претрпена „физичка, психичка и емоционална болка“.

Жената тврди дека Тајсон ја силувал во лимузина, откако го сретнала во ноќен клуб во Њујорк. Таа не  го наведуваа точниот датум, и вели дека е приближно во ист период кога и Дезајр Вашингтон тврдеше дека Тајсон ја силувал во Индијанаполис.

Тајсон во февруари 1992 година беше осуден за тој случај и отслужи казна затвор од три години за силување.