Арбен Таравари од Алијанса за Албанците истакна дека за Алијансата без разлика дали ќе биде дел од владата или ќе остане во опозиција, партијата начелно ќе ги поддржува уставните промени за вметнување на бугарскиот етникум кој живее тука во преамбулата на Уставот.
- Точно е дека со премиерот Ковачевски се видовме пред две недели и мавме состанок на кој зборувавме за проблемите што се случуваат во Парламентот поради активната блокада на ВМРО-ДПМНЕ. Ние не коалициравме со нив, туку соработувавме и ќе продолжиме да бидеме критични кон владините политики. Нашиот пратеник Снопче прв го објави скандалот со Онишченко. вели Таравари.
Таравари вели дека ќе бидат внимателни во однос на нивниот поранешен соработник на локалните избори веже претерува со вокабуларот и си ги намалува капацитетите за коалицирање со албанските партии.
- Не случајно се дистанциравме од градоначалничката Данела Арсовска која беше независен кандидат, поддржана прво од ВМРО-ДПМНЕ, потоа и од Алијансата и подоцна ние се дистанциравме, после тие демонстрации за францускиот предлог. Се дистанциравме и од ВМРО-ДПМНЕ и сметаме дека периодот веќе се оди во екстремност во нивниот речник. – вели Таравари.
Смета дека опозицијата се натпреварува со Левица чија партија е понационалистичка и ВМРО-ДПМНЕ е веќе е влезена во орото на Левица и може да агитираат гласови. Со тој речник ќе им биде тешко на ВМРО-ДПМНЕ да си најде партнер.
– Кога соработувавме со нив пред октомври 2021, Мицкоски кажа дека не му пречи 20% да се тргне од употребата на албанскиот јазик во уставот. Пред тоа изрази жалење за настаните од 27ми април 2017. За нас тоа беа сигнали дека сме подговени да го скршиме тој лед, дека никој не сакаше да соработува со ВМРО-ДПМНЕ, но за жал, ние таа соработка ја плативме високо – вели Таравари.