Среќник во Британија на лотарија освоил 130 милиони евра

Британец освоил 130 милиони евра од лотаријата EuroMillions, пишуваат медиумите на Островот

Иако името на среќниот добитник не е откриено, познато е дека тој ги погодил петочните добитни броеви 3, 25, 38, 43, 49 и Lucky Stars 03, 07.

Самиот лоз чинел 2,5 евра. Победникот ќе може да ги повлече средствата во рок од 6 месеци.

Лотаријата EuroMillions се игра во Франција, Шпанија, Обединетото Кралство, Луксембург, Белгија, Швајцарија, како и Португалија, Ирска и Австрија. Добивката се оданочува само во Швајцарија.