Со 489 гласа Христијан Мицкоски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Христијан Мицкоски е реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ со поддршка од 489 делегати. Од 493 делегати, гласале 492, од нив 489 за Мицкоским а имало и 3 неважечки ливчиња.

  1. Конгрес на партијата денеска се одржува под мотото „Нова генерација за нова иднина“.

Мицкоски првиот претседателски мандат во партијата го доби пред четири години, на 23. декември 2017-та, кога на 16. конгрес во Валандово беше поддржан од 376 делегати.

Тој е доктор по технички науки и професор на Машинскиот факултет во Скопје. Беше претседател на Управниот одбор и генерален директор на АД ЕЛЕМ, а во однос на партиските активности извршувал повеќе функции.