Бугарски „24 часа“: Кирил Петков ќе ја претставува Бугарија на Советот на ЕУ на 16. декември

Мандатарот за нова бугарска Влада – Кирил Петков наместо претседателот Румен Радев ќе ја претставува земјата на европски совет во Брисел в четврток  на 16. декември. Ова денеска го објави бугарски „24 часа“.

Според нив, лидерот на „Продолжуваме со промените“сакал тој да присуствува на европскиот совет и да преговара со другите европски лидери.

„Ставот на Бугарија зво однос на Северна Македонија останува непроменет. Но, мора да се надгради за да има корист за двете земји“ рече вчера Петков.

Тој во Брисел ќе треба да ја брани рамковната позиција одобрена од преодната влада на Бугарија, според која Софија го одобрува почетокот на пристапните преговори во ЕУ за Албанија, но не и за Северна Македонија.