Скопје и Софија ги поставија „црвените линии“, одлуката е наПариз

Северна Македонија ќе го прифати предлогот на француското претседателство за старт на преговорите со ЕУ доколку во преговарачката рамка не биде разгледувано прашањето за македонскиот јазик и не бидат вклучени историските прашања и доколку почетокот на преговарачкиот процес не биде врзуван со внесување на Бугарите во Уставот.

Во меѓу време, Народното собрание на Бугарија вчера со 170 гласа „за“, 37 „против“ и 21 „воздржани“ го одобри документот познат во јавноста како „француски предлог“ за деблокада на европскиот пат на Северна Македонија. Со одлуката на бугарското Собрание, предложена од лидерот на Демократска Бугарија (ДБ), Христо Иванов, и се дава зелено светло на Владата во оставка на премиерот Кирил Петков „да ги одобри преговарачка рамка и заклучоците предложени од француското претседателство со Советот на ЕУ за решавање на сложените односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, ако се исполнети неколку услови“.

Кирил Петков на својот Твитер профил објави дека Народното собрание на Бугарија „донесе историско решение што дава зелено светло на францускиот предлог за приклучување на Северна Македонија во Европската Унија“. – Интеграциите на Западен Балкан се од стратешки интерес за ЕУ, наведе Петков. Тој пред новинарите во Брисел, каде учествуваше на Самитот на ЕУ, изјави дека европските лидери заклучиле оти Бугарија со ваквата одлука го направила својот чекор и додаде дека таа е поддржана од француската Влада и Унијата, кои според него, „сфаќаат дека бугарските барања стануваат европски“.

Бугарското Министерство за надворешни работи, пак, нагласи дека со одлуката на Собранието им се изразува поддршка на земјите од Западен Балкан во ЕУ. Одлуката на бугарското Собрание ја поздравија и претседателот и премиерот на Албанија, Илир Мета и Еди Рама.

Албанскиот премиерот Рама, пак на Твитер, објава дека имал телефонски разговор со лидерот на бугарската опозиција Бојко Борисов и му се заблагодарил за неговата улога „во укинувањето на ветото“. – Вистински пријател, вистински лидер. Неговата партија ГЕРБ и другите го спасија образот на Бугарија и ЕУ! Сега ЕУ мора брзо да дејствува, напиша Рама во објавата на Твитер.

Францускиот претседател Емануел Макрон, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, ја поздрави одлуката на бугарскиот Парламент, најавувајќи дека процесот продолжува. Тој додаде дека по ова гласање во следните денови ќе продолжат размените на мислења со партнерите во Бугарија и Северна Македонија.авка.