Скај Њуз: Зеленски го очекуваат во Брисел, но патувањето може да биде одложено од безбедносни причини

Украинскиот претседател Володомир Зеленски би можел да го реализира своето второ патување во странство од почетокот на војната и да присуствува на Самитот на ЕУ во Брисел, пренесува Скај Њуз.

Зеленски е можно физички да присуствува и да се обрати на специјалната седница на Европскиот парламент оваа недела, како и да присуствува на самитот, јави Фајненшл тајмс. Но, лицата запознати со ова, за ФТ изјавија дека сепак е можно патувањето да не се реализира од безбедносни причини.

Според портпаролот на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел,  Зеленски има отворена покана за посета на Брисел. Локални медиуми пренесуваат дека тој веројатно ќе пристигне в четврток во Брисел, но дека од безбедносни причини тоа не може официјално да биде потврдено.

Од почетокот на војната, Зеленски ја напушти Украина само еднаш. Во декември минатата година тој го посети Вашингтон, каде што се сретна со американскиот претседател Џо Бајден и одржа говор пред Конгресот.

Минатата недела, на новинарско прашање за изгледите за посета на Брисел, Зеленски одговори: „Искрено кажано, има големи ризици ако одам некаде. Тоа е вистината.

Минатата недела, Зеленски беше домаќин на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел во Киев, каде што претставниците на ЕУ ветија поголема воена помош и нови санкции за Русија.