Сити доминира во Манчестер, победа над градскиот ривал за освојување на ФА Купот!

Мечот имаше луд почеток, уште во 13. секунда од натпреварот Гундоган постигна гол за водство на Манчестер Сити од 1-0. Тоа беше најбрзиот гол во историјата на финалињата од ФА Купот.

Во 33. минута Бруно Фернандеш од пенал го изедначи резултатот на 1-1.

Јунајтед преку Варан имаше голема шанса да го сврти мечот пред крајот на првото полувреме, но не успеа.

По шест минути игра Гундоган постигна уште еден гол, овојпат за 2-1 што беше и конечен резултат.

Манчестер Сити ја завери двојната круна, а доколку го победи Интер во финалето од Лигата на шампионите ќе дојде и до тројна.