Синиша Мали ќе биде новиот премиер на Србија?

„Најголеми шанси да биде нов премиер на Србија има актуелниот министер за финансии Синиша Мали, а во игра се уште три имиња од Српската напредна партија (СНС)“ – пренесе српска „Бета“.

Денешното издание, пак, на „Вечерње новости“, повикувајќи се на свои информации, наведува дека станува збор и за Ана Брнабиќ, Милош Вучевиќ и Горан Весиќ како премиери на земјата.

„Новости“ пак пренесува дека најмалку шанси да биде нов српски премиер има заменик-градоначалникот на Белград, Весиќ.