Симовски за Трилинг: Евростат веќе го смета овој попис за релевантен

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски за емисијата Трилинг вели дека до крајот на годината ќе се издадат сите комплетни податоци од пописот. Остануваат уште два сета на податоци и едниот се однесува на миграционата компонента, а вториот на податоците на ниво на населено место.

  • До крајот на годината сме обврзани да издадеме и податоци на грид основа, тоа се визуелни тематски карти што ја покажуваат густината на населението на км2. Евростат веќе го смета овој попис за релевантен. Сомневања во пописот ги имало и во сите претходни, а тој беше спроведен согласно методологија прифатена од Евростат и по сите стандарди на ОН кои се главен фактор во определување на стандардите. Ние не сме креатори на состојбите, ние сме фотографи кои не ретушираме население – рече Симовски.

Во однос на скринингот, вели дека статистиката е дел од преговарачкиот процес и оваа област е важна во ЕУ.

Пописот беше еден од главните маркери, сега е завршен, има одредени делови каде не сме усогласени со стандардите на ЕУ, но тоа е процес кој постојано тече и се носат нови регулативи. Тој процес не сопира и Македонија ќе мора да се усогласува со новите регулативи.