Икономов за Трилинг: Со децении во сите сфери се буткаат луѓе кои се неквалитетни

Интервјуто со Икономов го правеше Игор Стојанов

Апостол Поце Икономов, пејачот на легендарната група Меморија во емисијата Трилинг ја откри животната приказна за неговата сопруга која се бори со тешка болест, а семејството останало без никакви примања, зошто и тој останал без работа.

Никогаш не кажувал за тоа, зошто не е човек кој ќе бара милостина. Секогаш се бунтувал против системот кој не препознава квалитет.

  • Јас гледам дека кај нас се случува синдромот на Салиери во стилот на филмот „Амадеус“. Најбитната карика што ни фали е свеста и совеста кои се стекнуваат со воспитување од мали нозе. Тоа што чини треба да се бутка. Со децении забележувам дека во сите сфери се буткаат дунстери, луѓе кои се неквалитетни – вели Икономов.

Вели дека во секое време, наназад, она кога свиреле на Денот на независноста, луѓето дошле да ги гледаат нив, а не политичарите.

Денеска, нема никаков проблем Министерството за културата да обезбеди пари да ги поткрепи уметниците.