„Најспоменуваниот поим беше легитимитет. Легитимитетот, прво, извира од граѓаните и се манифестира, потврдува или губи на избори. Специфичен го прави потрошниот карактер бидејќи се работи за игра меѓу влезни и излезни елементи барања на граѓаните и влезни како закони, политики и кога ќе дојде до дискрепанца помеѓу нив зборуваме за легитимицасика криза. И оваа влада е во тешка легимациска криза“ – рече Гордана Силјановска Давкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на собраниската дебата за составот на нова Влада. Таа објасни зошто владата е во тешка легитимациска криза.
„Прво, не може оваа влада да го наследи легитимитетот од претходна влада, таа не може да ги делегира бидејќи премиерот си замина од лична одговорност, а не поради друга функција. Второ, кога се конститураше власта во неа беше Беса неа ја нема сега во Владата или значи гласачите сега не се гласачи на оваа коалиција и легитимитетот е нагризен, ја има Алтернатива за која не знаеме што мислат граѓаните за нејзино трансформирање во власт. По дефиниција оваа влада е нестабилна влада, по она што се случува внатре во СДСМ и надвор, тешко дека е влада на СДСМ, туку е на Зоран Заев“ – рече Силјановска Давкова.
Според неа нема ништо и околу суштината и кажа дека Европскиот центар за политики вели новата политичка криза тлее во Македонија по оставка на премиерот и огромна победа на опозицијата.
„Тоа предизвикува инхерентни ризици и тоа ја намалува посветеноста на ЕУ процесот, судството не е на ниво, корупцијата царува, пандемијата ја влошува состојбата, на економски и социјален план нема резултати“, вели Силјановска Давкова.
Според неа, легитимитетот на Ковачевски е всушност врзан неразделно од некој кој до вчера би палтрон, султан, објаснувајќи „мислам на најголемиот носител на моќта мислам на премиерот, а не го спомнавте, а ве преферираше одевте со него за да се манифестира блискоста.