„Цело ДУИ и граѓаните ја поддржуваат Владата“

Арбр Адеми – координаторот на пратеничката група на Демократската Унија за Интеграција денеска во својот говор на собраниската седница за избор на Влада на Република Северна Македонија истакна дека цело ДУИ и сите граѓани ја поддржуваат новата предложена структура на владата и нејзината програма. Тој истакна и дека преземените мерки и досега реализираните проекти кои ја оправдаа довербата дадена во август 2020 година и дека пратениците на ДУИ целосно веруваат во професионалната компетентност на одредените кадри и на квалитетот на содржината на програмата надополнета со проекти и дополнителни стратегии.

„Денеска одлучуваме дали ќе дадеме зелено светло за континуитетот на развојните проекти и проектите на квалитетниот живот, јасно дефинираните механизми и стратегии за да продолжиме успешно да се справуваме со енергетската, здравствената и мигрантската криза како глобални предизвици на денешницата. Пред нас е една дополнета програма, една јасна визија за развој на парламентарно мнозинство кое го има целосниот легитимитет на народот од изборите во јули 2020 година и гледајќи ја нејзината досегашна работа, ние како членови на парламентарното мнозинство денес рефлектираме за нејзиниот досегашен биланс, констатираме дека достигнувањата и реализираните проекти досега се јасно видливи и со право ја имаа нашата поддршка досега. Истата поддршка пратеничката група на Демократската Унија за Интеграција ја дава и на овој владин состав и на оваа консолидирана програма за работа, целосно верувајќи во професионалната компетентност на одредените кадри и од своите и од редовите на коалициските партнери, како и во квалитетот на содржината на програмата што е одраз на барањата и потребите на граѓаните“ рече Адеми меѓудругото.

Тој рече дека „Сите споменати проекти треба да бидат поттик и мотив да се продолжи со добрите дела. Ние сме дел од НАТО и тој сон го реализиравме со многу работа, решителност и јасна визија, сега кон новиот интегративен предизвик да работиме заедно за да ја интегрираме земјата таму каде што припаѓа, во семејството на Европската Унија. Поддршката за продолжување на работата на оваа Влада значи и реализација на оваа цел“.

„Денес и утре дебатираме дали да гласаме за Европската Унија, за Охридскиот Договор, за добрососедството, за Коридорот 8, за гасификацијата, за Зелената агенда, за дигитализацијата, за железницата, за автопатот Скопје-Блаце, за управувањето со отпадот, за напредна и поддржана администрација, за предвидливост и добри меѓуетнички односи, стабилност и безбедност. Ние, 15-те пратеници на ДУИ и нашите гласачи, но и мнозинството наши граѓани, немаме дилема, се решени, сите заедно ќе ја поддржиме оваа Влада“ потенцираше Адеми.