Нарко кралот „Ел Маро“ осуден на 60 години затвор во Мексико

Шефот на озлогласен нарко картел во Мексико – Хозе Антонио Јепез, попознат како „Ел Маро“ е осуден на 60 години затвор.

Тој беше обвинет за организирана кражба на гориво и поттикнување на драстичното зголемување на насилството во централната држава Гуанахуато, пренесуваат тамошните медиуми.

Регионалниот суд „Ел Маро“ и неговите соучесници и сторителите ги прогласи за виновни за киднапирања. Тој беше уапсен во 2020 година во голем напад врз мафијата и мексиканските картели, организиран од претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор.

„Ел Маро“ беше на чело на картелот „Санта Роса де Лима“, со седиште во Гуанахуато, кој во последните години интензивно води крвава војна со картелот „Нова генерација на Халиско“.