СЗО со итен состанок поради новиот сој на коронавирус – се стравува дека е најлоша варијанта досега

Светската здравствена организација на итен состанок поради појавата на новиот сој на коронавирусот откриен во Јужна Африка. Директорот на Центарот за одговор на епидемијата и иновации во Јужна Африка, на претставниците на СЗО им ја пренел загриженоста во врска со новиот сој на коронавирус „Б.1.1.529“ за кој се стравува дека е досега најлошата варијанта на вирусот.

Новиот сој досега бил дијагностициран кај четири лица во Боцвана и кај едно во Хонг Конг.

Дел од светските лидери најавија нови мерки на претпазливост и ограничувања за патување.

„Новата варијанта на коронавирусот идентификувана во Јужна Африка е најзагрижувачката што сме ја виделе досега“ рече главниот медицински советник на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство, д-р Сузан Хопкинс.

Таа посочи дека не се забележани толку високи нивоа на пренос уште од самиот почеток на пандемијата.