Маричиќ: Одложувањето на почетокот на преговорите со ЕУ ќе има негативно влијание врз цел регион

Министерот за правда, Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил утринава напиша дека за време на посетата на Брисел ја пренел пораката дека понатамошното одложување на почетокот на преговорите со Европската Унија ќе има негативно влијание не само врз Северна Македонија, туку и врз целиот регион.

„На состанокот со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи повторив дека сите реформи кои беа побарани од нас како држава за почеток на преговорите се спроведени, вклучително и оние во правосудството“ напиша Маричиќ.

Таму министерот се сретнал со еврокомесарот за правда, Дидие Рејндерс на кого му ги претставил реформите кои во моментот ги прави Владата во однос на владеењето на правото.

„Се сложивме дека е потребно темпото на реформи да се задржи, а отворањето на преговорите со ЕУ ќе биде само дополнителен катализатор на истите“ – напиша министерот Бојан Маричиќ на ФБ.