Започна проверка на патиштата и магистралните патишта во Бугарија

Во Врховното управно обвинителство во Бугарија отворено е досие за тешката сообраќајна несреќа на автопатот „Струма“ во која загинаа македонски граѓани.

По наредба на јавниот обвинител, ангажирано е Министерството за регионален развој и јавни работи и Државната агенција за безбедност на патиштата да извршат итна проверка на знаците, ознаките на сите патишта во Бугарија со цел да се исполнат сите барања за континуиран и безбеден сообраќај.

Проверката ќе ја вршат овластени бугарски, но и меѓународни експерти. Резултати од инспекцијата ќе се сумираат во извештај.

Наложено е податоците за кривични дела од општ карактер да се испраќаат до надлежните обвинителства и до тамошното Министерство за внатрешни работи.