СЗО: Новиот сој има две подваријанти

„Постојат три видови соеви, тие што ги следиме, тие кои предизвикуваат интерес и тие кои предизвикуваат загриженост“. Ова денеска го изјави експертот на Светска здравствена организација – Абди Махмуд.

Тој во Женева рече дека од ноември внимателно го набљудуваат новиот сој на коронавирусот „Б.1.640.2“ како неговите две подваријанти.

Новиот сој „Б.1.640.2“ го открија научниците во Универзитетската болница во Марсеј, Франција. Со тој сој заразени се 12 луѓе во јужниот дел на Франција, а како нулти пациент е означен повратник од Камерун.

Махамуд истакна дека СЗО ќе продолжи да го следи сојот „Б.1.640.2“, вклучително и негово можно ширење во другите европски земји.