Се урна трибина додека имаше борба со бикови – четворица мртви, меѓу нив и дете

Четири лица ги загубија животите, меѓу кои и едно дете, а над 300 луѓе се повредени откако се урна трибина за време на борба со бикови во Колумбија.

Дрвена трибина полна со гледачи се урна на стадионот во Ел Еспинал. Биковите продолжија да трчаат додека луѓето се обидуваа да се спасат.

Меѓу загинатите има две жени, маж и дете, изјави гувернерот на Толима, Хозе Рикардо Ороско.

Неофицијално 322 лица се примени во болницата, од кои четворица се на интензивна нега.

Неделниот настан бил дел од прославата на популарниот фестивал во Сан Педро.