Сега не е време за средба Бајден – Путин

Претседателот на САД – Џо Бајден ја повика Русија да престане да ја гранатира АЕЦ Запорожје во Украина.

Висок американски функционер изјави дека „најновите информации не покажуваат индикации за повисоки нивоа на радијација и внимателно се следи состојбата“.

Во исто време, портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека нема планови во моментот за средба меѓу американскиот претседател Џозеф Бајден и рускиот претседател Владимир Путин.

Според неа, „сега не е време за тоа“.

„Не планираме нивна средба или телефонски разговор. Претседателот Бајден беше многу јасен за тоа. Но, ние ги имаме  разговори внатрешно и анализираме голем број фактори“ – изјави Псаки за „Си-Ен-Ен“.