СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ предизвика катастрофа во Скопје, градот нема јавен превоз

„Поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, главниот град останува без јавен организиран автобуски превоз.

Штрајк на приватните превозници, ЈСП пред колапс, намалена фреквенција на линиите, преполни постојки и автобуси, тоа е епилогот на една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Јавниот превоз е во колапс, а отежнато функционираат и останатите јавни претпријатија кои се под надлежност на Градот.

И наместо решенија, ВМРО-ДПМНЕ тера политикантство на штета на градот и граѓаните.

Со својата неспособност и неодговорност, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски предизвикува нова катастрофа во Скопје“ соопштуваат од СДСМ.