Свирежи за Петков на бугарски празник, погоден беше со снежна топка!

Никола Минчев – претседателот на Народното собрание на Бугарија и бугарскот премиерКирил Петков денеска го посетија врвот „Шипка“ за да им оддадат почит на загинатите пред 144 години во борбата против отоманското ропство, за време на Руско-турската ослободителна војна. Сепак бугарските преставници на власта од дел од насобраните луѓе беа пречекани со свирежи.

Минчев на насобраните им кажал дека Бугарија е денеска исправена пред нови предизвици и дека денешниот свет е поинаков од вчерашниот и дека на 500 километри од Бугарија има воен конфликт, по што толпата почнала да го исвирува.

Бугарскиот премиер Петков пред насобраните рекол дека Бугарија не ја добила својата слобода бесплатно, односно дека се борела за неа велејќи дека за независноста на земјата своите животи ги дале многу руски војници, Украинци, Финци, Романци и Белоруси.

„Време е да се каже дека Бугарија е над се. Среќен празник Бугари!“ –  рече Петков по што дел од насобраните започнаа да фрлаат со снежни топки кон делегацијата. Обезбедувањето на премиерот успеа да спречи бугарскиот премиер да биде погоден во главата.