Втора рунда руско-украинските преговори, договорени хуманитарни коридори

Втората рунда од преговори помеѓу Украина и Русија на полско-белоруската граница завршија, при што е постигнат договор за заеднички да обезбедат хуманитарни коридори со привремен прекин на огнот.

„Русија и Украина треба да воспостават канали за комуникација и во блиска иднина заеднички да обезбедат хуманитарни коридори за евакуација на граѓаните, како и снабдување со храна и лекови“ – изјави советникот на украинскиот претседател и член на украинската делегација во преговорите – Микаило Подољак.

Тој додаде дека украинската делегација не ги доби резултатите на кои се надеваше и оти ќе го продолжи дијалогот во третата рунда преговори.

Лидерот на руската делегација – Леонид Слуцки најави дека третиот круг разговори со Украина ќе се одржи следните денови.

„Договорите меѓу Русија и Украина наскоро ќе бидат одобрени на највисоко ниво“ – додаде Слуцки.