Светската трговија на рекордно ниво годинава

И покрај пандемијата на Ковид 19, светската трговија според очекувањата ќе достигне рекордно ниво годинава. Конференцијата на ОН за трговија и развој (UNCTAD) предвидува зголемување на вредноста на трговијата за 11 отсто над нивото пред пандемијата во 2019 година. Ова го покажува извештајот објавен во Женева.

Вкупната вредност за годинава би требало да достигне 28 трилиони долари.

Позитивниот тренд во меѓународната трговија е резултат на силно закрепнување на побарувачката поради укинувањето на пандемските ограничувања, пакетите за стимулирање и зголемувањето на цените на суровините – анализираат од УНКТАД.

Најсилен трговски раст има Тајван – за 23 отсто во споредба со 2019 година. Двоцифрен раст очекуваат и во Кина, во Виетнам, Бразил и во Австралија.

Сепак, дел од земјите во светот бележат негативен тренд. Велика Британија е во минус 23 проценти, па следуваат Јапонија, Мексико и Канада како земји со најсилен трговски пад, според проценките на УНКТАД.

САД се на шестото место со минус од 4 отсто.