Сведочеше наставничката по историја која го преживеа масакрот на Коста Кецмановиќ

Во Вишиот суд во Белград продолжи судењето на родителите на момчето убиец Коста Кецмановиќ кое на 3 мај минатата година уби девет деца и обезбедувачот на основното училиште „Владислав Рибникар“ .Сведочеше наставничката по историја која беше тешко ранета.

Како што дознава Танјуг, по неа сведочела дадилката на момчето убиец, која потоа ја напуштила зградата на судот, додека, пак, наставничката по историја останала да го следи судењето.

Судијата наредил пауза, по што исказ ќе дадат вештакот од ДНК и сведокот од стрелиштето.

На претходното рочиште мајката на момчето убиец го искористи законското право да не сведочи во оваа постапка. Потоа беа сослушани полицајците кои учествуваа во истрагата во станот по масакрот. Во овој случај им се суди на родителите на момчето убиец и на инструкторот на стрелиштето, кој е обвинет за кривичното дело давање лажен исказ.

Сопственикот на стрелиштето каде што малолетниот убиец научил да пука, склучил спогодба за признавање вина со Вишото јавно обвинителство во Белград, врз основа на која судот го прогласил за виновен за кривичното дело давање лажен исказ и го осудил на 6 месеци куќен притвор.

Родителите на момчето – убиец даваа одбрана и ја негираа вината на претходните судења. Во овој случај, судот го затвори судењето за јавноста поради заштита на интересите на малолетните жртви.

Таткото на момчето убиец доби кривична пријава за тешко кривично дело против општата безбедност, бидејќи го однел 13-годишното дете на стрелиште и го научил да пука, како и за недоволно чување оружје во куќата.

Мајката на момчето убиец е обвинета бидејќи нејзината ДНК била пронајдена на чаура во училницата каде што се случил масакрот.