Сали Бериша повика на масовен протест во Албанија – „во име на народот“

Поранешниот албански претседател, Сали Бериша ги повика албанските граѓани в понеделник во 16 часот „да протестираат во одбрана на националните интереси“. Тој протестот го организира „во име на народот“.

Бериша посочи дека протестот ќе биде против „Отворен Балкан“, опишувајќи го како „сојуз против виталните интереси на Албанците, како сојуз кој промовира дестабилизација, оспорувајќи го Берлискиот процес а со цел регионот да го стави под српска хегемонија“.

Во понеделник и вторник во Тирана ќе се одржи седмиот состанок на иницијативата „Отворен Балкан“, на кој е најавено присуство на македонскиот премиер Зоран Заев, српскиот претседател Александар Вучиќ, кому Бериша, нарекувајќи го новиот Милошевиќ, му се закани да не доаѓа во Тирана, како и домаќинот, албанскиот премиер Еди Рама.