Русија слави победа во „Азовстал“ – вчера 531 украински војник се предал од челичарницата

Русија прогласи победа во украинскиот пристанишен град Мариупол откако преку соопштение тврдат дека „целосно го ослободиле“ градот откако се предале и последните борци од фабриката за челик „Азовстал“.

Руските власти информираа дека 531 украински војник вчера го напуштиле местото, а во последните неколку дена вкупниот број на лица кои се предале изнесувал 2.439.

Руското Министерство за надворешни работи синоќа објави и видео на кое е прикажано предавањето на војниците.

https://twitter.com/mfa_russia/status/1527790731653529601?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1527790731653529601%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2F360stepeni.mk%2Frusija-objavi-video-od-predavaneto-na-vojnitsite-vo-azovstal-shto-ke-se-sluchi-so-niv%2F